УЕФА ЖЕСТОКО ЈА КАЗНИ БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА – Фудбалскиот сојуз на БиХ ќе ќе треба да плати драконска сума на пари поради ‘нападот’ врз Кристијано Роналдо !?

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска федерација (УЕФА) го казни Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина поради однесувањето на навивачите на натпреварите против Лихтенштајн и Португалија во квалификациите за ЕП 2024 година.

УЕФА го казни здружението на БиХ со вкупно 66.000 евра, делумно затворање на стадионот за следниот натпревар на домашен терен и забрана за продажба на билети на навивачите за нивниот следен натпревар на гости.

Контролното, етичкото и дисциплинското тело на УЕФА ја казни Босна и Херцеговина со 20.000 евра и нареди делумно затворање на стадионот за следниот домашен натпревар поради дискриминаторско однесување на нивните навивачи за време на натпреварот против Португалија.

Тие се казнети и со 26.000 евра поради блокирање на преминот, фрлање предмети и упад на теренот на натпреварот против Португалија. Да потсетиме, за време на натпреварот, еден локален навивач истрча на теренот затоа што сакаше да се фотографира со Кристијано Роналдо.

Босна и Херцеговина, исто така, беше казнета со 20.000 евра и забрана за продажба на билети на навивачите за нивниот следен натпревар на гости, поради ракети и огномет за време на натпреварот во Лихтенштајн на 13. октомври.