,,Спијеа со 10 мажи и така добија емисии” Леа Киш јавно им се нафрли на водителките (фото)

Водителката Леа Киш е на малите екрани од својата 18-та година, најпрвин беше дел од информативните емисии на ТВ Белград, а потоа стана уредничка на информативна емисија на ТВ Политика на само 24 години.

Како што сака да истакне, брзо сфатила дека најдобриот дел од нејзината работа е да се занимава со естрада и направила своја авторска емисија „Неделно попладне со Леа Киш“, која почнала да ја емитува на РТС. Таа беше дел од РТС 15 години, а потоа 14 години ја емитуваше својата емисија на ТВ Пинк.

За време на работата во ТВ Пинк, Леа Киш успеа да дипломира на Факултетот за политички науки, а потоа ги заврши и докторските студии во областа на медиумите и комуникацијата.

Неодамна гостуваше во емисијата „Исповед“ каде изјави дека и’ пречи кога една од риалити ѕвездите ќе стане водителка и дека таквите не ги смета за нејзини колеги.

– Критериумот е изгубен во нашиот бизнис. Постоеле и порано, но таквите не добивале внимание. Се знаеше што може да се направи, а што не. Немој да ми кажувате дека некој може да оди во реално шоу и после две години да ми каже: „Здраво колега“ затоа што таквите единственото нешто што го направиле во животот е спиење со десет мажи и така ја добија титулата телевизиски водител – рече Леа и додаде.

– Срамно е за нашата професија, тогаш имате таблоиди кои ја поддржуваат и по две години мислите дека е можно некој без знаење да добие можност да презентира нешто на екранот, која било телевизија, со национална фреквенција, приватна – не е важно, важно е што самите направивме да не постои нашата професија повеќе а телевизиски новинар да биде професија која секој може да ја работи – рече Леа Киш.