Натпреварот ќе се одигра на стадионот Ататурк во Истанбул.
Европската фудбалска унија (УЕФА) одлучи да не ги менува цените на билетите за овогодинешното финале во Лигата на шампионите во Истанбул во однос на лани.
Цената на билетите за сите четири категории е идентична со онаа во Париз кога се соочија Реал Мадрид и Ливерпул.
Како што соопшти УЕФА, најскапиот билет за натпреварот кој ќе се одигра на 10 јуни на стадионот Ататурк чини 690 евра, а најевтиниот 70 евра.
Двата клуба кои ќе се најдат во финалето ќе добијат по 20.000 билети, исто како и лани за мечот што ќе се игра на Олимпискиот стадион „Ататурк“ со капацитет од 72.000 седишта.
По полуфиналните натпревари ќе знаеме кој ќе конкурира за престижниот трофеј. Во полуфиналето на Лигата на шампионите Манчестер Сити ќе игра против Реал Мадрид кој ја брани титулата, додека во вториот меч ќе се борат Милан и Интер.