Ужасни вести за Барселона про крајот од сезоната: Ѕвездата го пропушта реваншот од ЛШ: „Не се чувствувам добро“ (фото)
Барселона ремизираше со Интер во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите, 3:3, а утрото по натпреварот на Монжуик пристигна вест за повредата на Жил Кунде.
Францускиот дефанзивец беше најстандарден играч на Каталонците оваа сезона, а на крајот од првото полувреме ја напушти играта поради повреда и му го препушти местото во тимот на Ерик Гарсија.
Утврдено е дека Кунде скинал тетива и дека ќе биде надвор од терените подолго време, поради што ќе го пропушти реваншот против Интер, како и дуелот со Реал Мадрид на 11 мај.
„Воопшто не се чувствувам добро“, им рече Кунде на собраните новинари.
„Не е лесно кога играш на секои три дена. Не можеш да тренираш и не можеш да се одмориш. Гледаш дека и Кунде се повреди, тоа е резултат на играњето на секои три дена“, рече тренерот на Барселона, Ханси Флик, по натпреварот.
Да потсетиме дека Каталонците претходно беа без Марко Касадо, Алехандро Балде и Роберт Левандовски поради повреди.
Реванш натпреварот помеѓу Интер и Барселона е закажан за вторник на стадионот „Џузепе Меаца“.