УЖАСНО – Татко на 3-годишно девојче брутално убиен пред очите на својата ќерка поради проста причина! Луѓето наместо да помогнат инцидентот го снимале со телефоните… (видео)

Пол Стенли Смит бил брутално убиен пред познатиот ланец за продавање кафиња Sturbucks во Ванкувер кога бил избоден со нож од напаѓач кој наводно го замолил да не пуши цигара пред неговата ќерка, пишува Daily Mail.

Смит починал од повредите, а трагедијата ја следеле неговата вереница Ешли Умали и 3-годишната ќерка Ерика. Семејството, кое било внатре и нарачувало пијалоци, им кажало на новинарите дека Пол побарал од Индердип Синг Госа (32 г.) да не пуши во близина на неговата мала ќерка кога бил нападнат.

На ужасното видео од убиството, кое се појави на социјалните мрежи, може да се види како напаѓачот го прободува Смит во градината на кафулето додека крв прска насекаде. Несреќниот човек во еден момент паднал, а напаѓачот продолжил нервозно да се шета наоколу.

Пол живееше за сопругата и ќерката… Тоа беше целиот негов живот“, изјавила неговата мајка Кети за тамошните медиуми.

Во убиството напаѓачот е обвинет за убиство од втор степен.

Мајката на Пол, Кети Шмит, кажала дека би сакала обвинението да се ревидира на убиство од прв степен.

Тоа што се случи е ужасно… Се започна затоа што плачеше нашата внука. Ешли е шокирана. Таа сето тоа го видела со нејзините очи. Таа е многу уништена“, кажала Кети во изјава за Daily Mail.

Таа исто така изјавила дека е „неверојатно изненадена“ што никој не се обидел да му помогне на нејзиниот син при нападот и смртта.

Само кога бил во тешка ситуација некој повикал полиција“, изјавила Кети за споменатиот медиум.

Полицијата соопшти дека убиецот е приведен десет минути по нападот.

Семејството исто така бара од луѓето да не го споделуваат видеото од нападот и бара да се отстрани од социјалните мрежи.

Веројатно сте го виделе ова на вестите или каде било на социјалните мрежи… Напад со нож во Ванкувер. Жртвата беше мојот брат. Некој му го одзеде животот на брат ми, а друго лице го сними тоа наместо да повика полиција. Уште полошо е што истото го објави на социјалните мрежи за гледање“, напишала неговата сестра Џесика во објава на социјалните мрежи.