УЖАС – Возач на диви трики влетал во публиката и предизвикал страшна несреќа! Изгубил контрола над автомобилот и повредил најмалку седум млади лица (видео)

Вечерта на 14. април во градот Бордо на југозападот од Франција се случило тешка сообраќајна несреќа во која биле повредени најмалку седум лица на возраст од 17 до 26 години.

На собирот организиран од дрифт ентузијасти од овој регион биле присутни многу луѓе а несреќата предизвикала повреда кај неколку млади лица.

До несреќата дошло кога еден од тркачите изгубил контрола над возилото при кривината и налетал на гледачите кои стоеле на страна и гледале.

Според информациите на локалната полиција, причината за несреќата ја предизвикал лице на возраст од 30 години кој бил редовен учесник во диви трки. Против него е поведена соодветна кривична постапка.

Што се однесува до повредените, тие се пренесени во болница и им било укажана прва помош. Сите имаат повреди со различен степен на тежина, па докторите не даваат прогнози за нивната состојба.