Поранешната филмска икона денес изгледа непрепознатливо: На врвот од кариерата исчезна од очите на јавноста, а еве каква убавица беше тогаш а како изгледа денес (фото)

Една од иконите на 90-ти години на минатиот век, Бриџит Фонда, беше меѓу најголемите филмски ѕвезди во светот, а денес изгледа непрепознатливо.

Овој опис го потврдуваат и најновите папарацо фотографии кои ја забележале како таа оди до нејзиниот автомобил во Лос Анџелес по завршен состанок.

Актерката е забележана во широка црна тренерка, долг бел џемпер и разбушавена коса. Во рацете носела хартии, а кога ги забележала папараците се обидела да го тргне погледот од нив. Последен пат јавноста таа беше забележана во септември минатата година.

Бриџит Фонда
Бриџит Фонда

Денес, 59-годишната Бриџит Фонда се повлече од светот на актерството во 2002 година, откако се појави во серија славни филмови, а за прв пат беше видена во јавноста само 12 години подоцна. Деновиве папараците ја уловија во лежерно издание кога завршувала со состанок, а некогаш витката русокоса убавица денес не личи на себе, а тоа е поради неколкуте десетици килограми што ги наталожила со годините, не средената коса и наочарите што ги носела на своето „променето“ лице.

По пензионирањето од Холивуд, таа се посветила на семејниот живот, а патем, потекнува од познатата династија Холивуд Фонда, во која се нејзиниот дедо Хенри Фонда, таткото Питер Фонда и тетката Џејн Фонда. Во светот на актерството, таа го достигна врвот на славата во 80-тите и 90-тите години на минатиот век, откако ги доби главните улоги во бројни кино хитови. 

Многумина ја паметат како Алисон Ели Џонс во трилерот „Рекламата носи смрт“ од 1992 година, а истата година се појави заедно со Мет Дилион во романтичната комедија „Слободни“, во режија на Камерон Кроу.