ОВА Е ВИСТИНСКИ ХИТ! При сервирањето на свадбената торта се случило тотален хаос! Младоженците останале во шок а потегот на момчето го освои Интернетот (видео)

При прикажувањето и сервирањето на свадбената торта на оваа свадба се случило нешто неочекувано, а тоа е дека тортата всушност завршила на подот!

Почетокот на оваа видео-снимка изгледа сосема нормално, кога двајца келнери вадат голема свадбена торта со прскалки. Само момент подоцна тортата паѓа на земјата, а со неа и двајцата келнери паѓаат на колена.

Изразот на младата жена односно невестата кажува се сам по себе. Таа била тотално шокирана додека на лицето на младоженецот се гледа големо разочарување.

Видео-снимката продолжува и се гледа како двајцата келнери несмасно паѓаат на земјата заедно со тортата, а во истиот момент младоженецот им пријде и ја проба тортата со вилушка. Потоа тој се врти кон неговата сопруга која се опушти и се насмевна на неговиот гест. 

Оваа видео-снимка брзо се рашири низ социјалните мрежи и стана вистински хит, а корисниците упатија само пофални зборови за гестот на младоженецот кој потполно добро се снајде во оваа ситуација.