Траги на насилство нема, а идентитетот на починатиот и причината за смртта допрва ќе се утврдуваат
Морничавата приказна дојде од Германија, поточно од фудбалскиот стадион во Хановер.
Работниците кои започнаа со реновирање на оваа зграда пронашле машки труп под трибините , за кој се претпоставува дека на тоа место бил со месеци!
Се е пријавено веднаш, а истражителите засега не забележале знаци на насилна смрт. Процесот на расветлување на причината за смртта, како и утврдување на идентитетот на починатиот е во тек, пишува германски Билд .
Направена е ДНК анализа, а повеќе детали полицијата ќе има на почетокот на следната недела, според извештаите.