Ужас во Италија – вработени систематски тепале и понижувале стари луѓе во дом

Полицијата во Италија вчера во голема акција во старечки дом кај Комо уапсила седум луѓе, пет жени и двајца мажи, под сомнение дека малтретирале стари луѓе-штитеници на старечкиот дом РСА „Сакро Куоре“, јавија локалните медиуми.

Карабиниерите објавија фотографии извадени од видеоснимките на надзорните камери во домот, на кои се гледаат грозоморните чинови на насилство. Сите седуммина уапсени се осомничени за малтретирање, навредување и физичко малтретирање стари и беспомошни лица.

Истрагата за случајот траела цели шест месеци, пишуваат италијанските медиуми. Во полициската станица во Комо во август лани било пријавено малтретирање на старите луѓе кои биле сместени во домот. Според медиумите, пријавата не била поднесена од семејствата на штитениците, туку од надворешен извор кој пријавил појава на „чудни работи кои не се како што треба“ воинституцијата.

Дел од медиумите објавија дека насилството и постојаното малтретирање на луѓето во домот се случувало само на еден кат, а жртви биле околу десет луѓе.