Според Кривичниот законик, лицето кое се подготвува да изврши терористички акт може да биде осудено на затворска казна од пет до 20 години.
Специјално обвинителство на Косово соопшти дека 16-годишното момче, кое вчера беше уапсено во Пеќ, под сомнение дека го планирало убиството на своите школски другари, го планирало нападот неколку месеци.
Директорот на училиштето во кое учеше ученикот рече дека тој е „просечен ученик, тивок и не бил проблематичен“.
– Момчето беше малку тивко, повлечено, но немаше никакво злоставување во училницата или малтретирање.
Од полицијата велат дека почнал да комуницира на социјалните мрежи со луѓе надвор од училиштето за да подготви план за напад – изјави директорот на училиштето.
Според косовскиот Кривичен законик, лицето кое се подготвува да изврши терористички акт може да биде осудено на затворска казна од пет до 20 години.