Група од десет млади тинејџери била вмешана во тепачка што избувнала утрото во вторник, 17 декември, во близина на средното училиште Роден во Париз.
Според првичните информации, 15-годишен тинејџер починал откако се здобил со повреди од нож. Учесниците во тепачката побегнале, информираат од полицијата.
Јавното обвинителство на Париз посочува дека е информирано за фактите во 08:30 часот.
„И покрај обидите за реанимација, смртта на тинејџерот е констатирана во 9:15 часот. Дежурниот обвинител излегол на местото на настанот”, се наведува во соопштението.
Брзо интервенирал Мануел, обезбедувањето на блиската зграда.
– Еден господин од зградата беше пред оштетениот и ми се јави, отидов директно кај оштетениот и му дадов прва помош. Тој е млад човек… – рекол чуварот.
Училиштето одби да коментира. Париската противпожарна бригада интервенираше и испрати пет возила на местото на настанот, меѓу кои три возила за спасување и помош на жртвите.
Според обвинителството, „ова убиство е дел од континуитетот на феноменот на тепачки меѓу млади луѓе во истата област на Париз“, каде од мај 2024 година се евидентирани осум конфликти.