Епископот на христијанска црква во Сиднеј, како и неколку верници биле нападнати кога непознат маж влегол во црквата и со нож тргнал кон олтарот каде свештеникот бил среде беседа.
Епископот Мари Емануел проповедал во христијанската црква „Христос Добриот Пастир“ во западниот дел на Сиднеј во понеделникот нешто по 19 часот.
На застрашувачката снимка од инцидентот, која во живо беше емитувана на страницата на црквата на Јутјуб, која ја следат 200.000 луѓе, се гледа дека владиката Емануел зачудено гледа нагоре додека напаѓачот ненадејно го удира по лицето и главата.
Во позадината на видеото се слушаат страшни врисоци, а други верници брзаат да му помогнат на владиката додека тој паѓал на подот.
Службата за брза помош на Нов Јужен Велс била повикана на местото на настанот околу 19.15 часот во понеделникот, објавија медиумите.
Портпаролот рече дека маж на околу 50 години бил пренесен во болницата во Ливерпул со повеќе убоди. Покрај свештеникот, повредени се и уште три лица на кои им била укажана помош на лице место.
Маж на возраст од триесет години се здобил со повеќе исеченици, друг на возраст од дваесет години му биле исечени рацете, додека маж на 60-годишна возраст се здобил со рана на раката, се додава во извештајот.
Портпаролот на полицијата на Нов Јужен Велс изјави дека повредите на епископот Емануел не се опасни по живот. Како што е соопштено, полицијата го привела осомничениот.
Како што се дознава избодениот свештеник „го навлекол гневот“ на жителите на западен Сиднеј кога за време на пандемијата ја прогласил изолацијата на Ковид во Сиднеј како „масовно ропство“ и тврдел дека вакцините се бескорисни бидејќи „нормалниот“ живот ќе го зајакне имунитетот.
Видеото може да го погледнете ТУКА