Ужас во училиште во Франција: Девојка сакала да убие учителка со нож, а причината е бизарна

Според властите, девојката ја нападнала професорката по англиски јазик со нож долг 17 сантиметри.
Девојчето (12) кое вчера се обидело со нож да ја убие професорката по англиски јазик во училиште во Рено, претходно се заканувала дека ќе направи хаос пред своите соученици.

„ Денес сум луда. Сакам да убијам некого, сите ученици кои не ме сакаат мене и оваа личност пред мене. Она што се случи во Арас ќе се случи и овде “, рекла девојката пред нападот, објави обвинителството.

Според властите, детето пристигнало на училиште околу 9:30 часот, вооружено со сечило долго 17 сантиметри . Таа ја нападнала учителката за време на часот, со намера да ја убие, пишува Le Figaro.

Учениците почнале панично да бегаат, а потоа и наставничката, која девојката избезумено ја бркала, цело време мавтала со сечилото. Друг наставник успеал да ја одвлече наставничката во својата училница, а другите училишни работници успеале да го совладаат девојчето и да и го грабнат ножот.

Полицијата, пожарникарите и екипите за брза помош набрзо пристигнале на местото на настанот. Бидејќи детето е под 13 години и полицијата не може да го приведе, таа е пренесена во болница.

При разговорот со психијатарот било констатирано дека девојчето е „опасно по себе“ и дека нејзината состојба бара „посебна средина“, соопшти обвинителството.

Девојчето после тоа е хоспитализирано.

Како што рекол еден ученик од класот, девојката минатата недела се скарала со професорката по англиски јазик бидејќи и го одзела мобилниот телефон за време на часот.

Девојчето е најстарото дете во семејство со четири деца. Станува збор за семејство од Монголија, кое се преселило во Франција во 2012 година и имаат соодветни документи. Полицијата соопшти дека ниту еден од членовите на семејството не и бил познат на полицијата.

Сепак, според официјалните лица, познато е дека девојчето е проблематично.

„ Во периодот од јануари до јуни минатата година, таа дошла на училиште во Кале со нож во ранецот. Во јуни била и во дисциплинската комисија, а по вербалните закани кон наставничката и навредите. Тогаш наставничкиот совет направил Решение за исклучување на детето од училиште “, изјави обвинителот.