Дали често имате главоболка? Внимавајте што јадете бидејќи некои намирници можат да предизвикаат главоболки

Главоболката е многу честа кај многу луѓе. Постојат многу причини кои можат да предизвикаат главоболка. Ако се соочувате со хронични главоболки кои се силни и чести, посетете лекар.

Причините се различни од стрес, замор, слаб вид, но и исхрана. Нема да верувате, но храната што ја внесувате во организмот може многу да влијае на вашето здравје, па дури и на вашата главоболка.

Доколку имате чести главоболки, задолжително внимавајте на исхраната, а во продолжение дознајте која храна треба да ја избегнувате.

1. Сирење
Сирењата содржат тирамин, односно аминокиселини кои се поврзани со мигрена.

2. Чоколадо
Млечното чоколадо може да предизвика лош невролошки ефект.

3. Сладолед
Голем број луѓе кои страдаат од чести главоболки се чувствителни на ладни голтки и каснувања. Затоа избегнувајте ладни пијалоци и сладолед.

4. Преработена храна
Колбасите, саламата, конзервираната храна содржат нитрати кои предизвикуваат мигрена.

5. Вино
Виното содржи сулфати кои можат да предизвикаат силни главоболки.