ТЕШКА СООБРАЌАЈКА ВО СРБИЈА КАЈ ВРАЊЕ: ЗАГИНА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН!?

Тешка сообраќајна несреќа се случила на улицата Партизански пат во Врање, во која животот го загубил македонски државјанин пренесуваат 24sedam

Од полицијата во Србија велат дека се уште не се познати околностите, но потврдено е дека истрагата е во тек.

Еден пациент е згрижен на Итна медицинска помош, дијагностиката е во тек. Наводно, автомобилот е од Северна Македонија кој излетал од патот и удрил во банкина.

Дел од патот е затворен, возилата се пренасочуваат на други патни правци.