Меси: Сакам да играм на Копа Америка, не сум сигурен за Светското првенство

„Јас сум единствениот член на светскиот шампион кој тогаш не доби признание од неговиот клуб“, изјави 36-годишниот аргентински фудбалер Лионел Меси во интервју за аргентинските медиуми, осврнувајќи се уште еднаш на периодот поминат во Париз Св. Жермен. Меси играше во парискиот клуб од 2021 до 2023 година, по речиси две децении поминати во Барселона, со која освои апсолутно се и стана најдобар фудбалер на светот. Краткиот дел од кариерата во ПСЖ нема да му остане во убави спомени.

„Отсекогаш сум велел дека нема да го паметам со задоволство периодот во ПСЖ. Покрај сето она што го кажав, можам да напоменам и дека јас сум единствениот член на Аргентина, светски шампион, кој не доби признание од неговиот тогашен клуб, кој беше ПСЖ.Но, ако ништо друго, ќе го паметам ПСЖ како клубот во кој бев кога станав светски шампион“, изјави Меси, кој уште еднаш беше прашан од аргентинските новинари за евентуален настап на Светското првенство во 2026 година.

„Тој турнир е далеку, три години се многу, особено кога сте стари колку што сум јас. Моментално мојот фокус е на Копа Америка, а за Светското првенство ќе размислуваме, сериозно или не, по тоа“, додаде Меси, кој е во На 176 настапи за аргентинската репрезентација постигна 104 гола и е нејзин рекордер.