Чудо во Мостар – Пресврт за кој зборува цела Европа: Славниот холандски клуб водеше со 3:0 на полувремето, па беше целосно нокаутиран! (фото)

Фудбалерите на Зрињски го совладаа АЗ Алкмар во натпреварот од 1. коло од конференциската група на Е лигата со резултат 4:3.

Гледавме спектакуларен натпревар во Мостар и нереален пресврт на домаќините.

Славниот холандски клуб, кој беше фаворит на овој меч, на полувремето водеше со 3:0 и сите очекуваа убедлива победа на гостите.

А потоа неверојатно второ полувреме за целосно лудило во Мостар.

Двата гола на Кожуљ во 48. и 71. минута, на Чорлука во 68. минута и на Хрвановиќ во 71. минута донесоа голема победа за домашните.