Маж, чиј идентитет не се соопштува, денеска скокнал од траектот што се движел од Прек на островот Угљана кон Гаженица во Задар.
Човекот скокнал од траектот на самиот влез на пристаништето.
Полицијата пријавата ја примила во 13 часот и 40 минути, а локалниот портал Задарски пишува дека, според неофицијални информации, екипажот на траектот на Јадролинија веднаш ги алармирал итните служби кои ги пречекале во Гаженица, но немало помош за човекот.
- Засега се утврдуваат сите околности на овој настан, повеќе информации ќе се знаат дури по завршување на истрагата – соопштија од полицијата.