УЖАС – 4-годишно дете нападнато до смрт од кучиња: Питбули влегле во дворот, а момчето било сосема само

4-годишно момче починало откако било нападнато од питбули на соседот додека си играло во дворот од семејната куќа во Детроит, САД.

Нападот се случил по 15 часот по локално време.

Не сме сигурни дали се работи за две кучиња или едно куче. Она што е сигурно е дека затворивме две животни“, соопштила агенцијата за контрола на животни, пренесуваат американските медиуми.

Се верува дека кучињата се питбули или мешавини од питбули.

Питбулите наводно се обиделе да го одвлечат момчето под оградата, но во тоа биле спречени од возрасен човек кој случајно се нашол на местото на настанот, пишува Daily Mail.

На местото на настанот веднаш пристигнала итна помош, но докторите можеле само да констатираат смрт на момчето.

Доколку имате кучиња, задолжително прицврстете ги за да не можат да излезат надвор. Тоа е најважно“, рекол портпаролот на полицијата.

Ова е втор фатален напад на куче во Детроит за половина година.