Укината пресудата на „холивудскиот предатор“: Откако беше осуден за силување, дојде до пресврт во случајот
Судот повторно ќе го отвори случајот со познатиот филмски продуцент.
Судот во Њујорк официјално ја поништи пресудата за силување на Харви Вајнштајн во 2020 година и нареди ново судење.
Утврдено е дека судијата на судењето наводно „го оштетил поранешниот филмски магнат со несоодветни пресуди, вклучувајќи ја и одлуката да им дозволи на жените да сведочат за наводи кои не биле дел од случајот“, пишуваат светските медиуми.
Сè започна во 2017 година со „поплавата“ од обвиненија против Вајнштајн, а сега жените кои го обвинија за злоупотреба може да бидат принудени повторно да ја преживеат траумата, на говорницата на сведоците.
Да потсетиме дека во март 2020 година, Харви беше осуден на 23 години затвор во Њујорк, откако беше прогласен за виновен за принудување на една жена на орален секс и силување на друга жена.
Вајнстин беше прогласен за виновен за силување на актерката Џесика Ман и принудување на неговата поранешна асистентка Миријам Хејли на орален секс. Тој беше обвинет дека користел моќ и влијание за да добие пристап до своите жртви и потоа извршил насилни злосторства против нив.