Укинат е притворот на Стефан Димковски – возачот на Љупчо Палевски

Укинат му е притворот на Стефан Димковски кој е осомничен за помагање при бегството на Љупчо Палевски-Палчо.

Одлуката тој да излезе од истражниот затвор во Шутка ја донел судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд – Скопје.

„По предлог на надлежен обвинител за укинување мерка притвор за С.Д и определување мерки за претпазливост, судија на претходна постапка му определи мерки, забрана за напуштање живеалиште, одземање патна исправа, обврска за јавување во суд и одземање, односно забрана за користење возачка дозвола“ информираат од Кривичниот суд.