Укинат притворот на поранешниот министер за градежништво Горан Весиќ

Вонистражниот совет на Вишиот суд во Нови Сад, одлучувајќи по жалбите на Вишото јавно обвинителство и бранителот на осомничениот, му го укина притворот на осомничениот Горан Весиќ.

Советот утврди дека ни од наредбата за спроведување на истрагата, како ни од доказите доставени од Вишото јавно обвинителство во Нови Сад во списите на предметот засега не постои основано сомнение дека сторил кривично дело тешко дело против општата безбедност, а што е неопходен услов за да може за кое било лице да се одреди притвор.

Притвор може да се одреди само против лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело, што е збир на факти што непосредно укажуваат дека одредено лице е сторител на кривично дело. Значи, за да се одреди притвор за едно лице потребно е да постои повисок степен на сомнение во однос на степенот на сомнение што е доволен за да се поведе истрага.

Имајќи предвид дека за тврдењата наведени во наредбата за спроведување истрага јавниот обвинител засега не доставил докази што укажуваат на постоење на основано сомнение, советот е на став дека во овој момент не постои основано сомнение за постоење на причинско-последична врска меѓу дејствата опишани во обвинителските дејства и пропусти на осомничениот Горан Весиќ, со последиците што произлегуваат, наведоа од Вишиот суд во Нови Сад..

Укинувањето на притворот не влијае врз натамошното водење на истрагата.

Весиќ беше уапсен минатата недела поради паѓањето на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.