Како што соопшти МВР, 29-годишниот маж од Албанија со возилото „Порше Панамера“ влегол на граничниот премин „Свети Наум“, но полицијата констатирала дека возилото е пријавено за украдено.
„На 24.08.2024 година во 23:00 часот на ВК „Свети Наум“, на влез во Македонија, со возило „порше панамера“, со албански регистарски ознаки, пристигнал Л.Х.(29) од Албанија и по гранична контрола било констатирано дека возило е пријавено за кражба“, велат од полицијата.
Од полицијата додаваат дека возилото е украдено во Норвешка и се наоѓа во базата на Интерпол.
„Возилото е одземено, а за случајот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, објаснуваат од полицијата.