– Украдена е торбата со УСБ-меморија што ги содржи безбедносните информации за Летните олимписки игри што ќе се одржат од 26 јули до 11 август во Париз.
Каналот БФМТВ објави дека торбата на службеникот на Градската управа на Париз е украдена во воз на Северната станица.
При излегувањето од возот службеникот забележал дека торбата му е украдена и случајот го пријавил во полиција.
Локалните медиуми објавија дека во торбата се наоѓале две УСБ-мемории и службен компјутер.
На една од УСБ-мемориите се наоѓале безбедносните планови за Летните олимписки игри во Париз 2024.
Во тек е истрага за инцидентот, а локалните медиуми поставуваат прашање дали настанатата ситуација би можела да ја загрози безбедноста во текот на Олимпијадата.
Се очекува околу 2.000 полицајци да бидат распоредени за обезбедување на Олимпијадата во Париз.