Украден службениот автомобил на Градоначалникот на општина Аеродром

На 07.04.2025 година во 22.00 часот, градоначалникот на општина Аеродром, Д.М.(37) од Скопје, во Полициската станица Аеродром пријавил дека од гаража на булеварот „Јане Сандански“ било украдено службено возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на општината.

Според пријавата, возилото исчезнало околу 15.30 часот меѓу 4 април 20:40 ч. до 7 април. По полициска проверка, автомобилот бил пронајден на улицата „Перо Наков“ во Скопје, но на која му недостасувала една од регистарските таблички.

Министерството за внатрешни работи информира дека презема мерки за целосно расчистување на случајот.