„УКРАИНА, ВИ СЕ ПОДГОТВУВА ГОЛЕМА ЗАМКА!“ Британскиот генерал предупреди: Вагнер од Белорусија може да го нападне Киев!

Обидот за пуч во Русија заврши во саботата на 23 јуни во вечерните часови кога по интервенција на белорускиот претседател Александар Лукашенко беше склучено примирје меѓу рускиот претседател Владимир Путин и лидерот на „Вагнер“ Евгениј Пригожин.

Тензиите се смирија, но поранешниот шеф на британската армија, лорд Данат, смета дека зад се има голема замка за Украина, пишува британски „Експрес“.

Пригожин сега наводно е во Белорусија, односно треба да биде според договорот што беше склучен во саботата вечерта, со интервенција на претседателот на таа земја Александар Лукашенко.

Според тој договор, неговите единици се вратиле во своите бази во замена за безбедносни гаранции, а самиот Пригожин заминал во Белорусија.

Лорд Данат смета дека работите не се толку едноставни и стравува дека „Вагнер“ од Белорусија би можел да го нападне Киев! Ова го изјави во програмата „Скај њуз“ на новинарката Софи Риџ.

„Наводно го напуштил местото на настанот и отишол во Белорусија и тука е сега крајот на Пригожин и единицата Вагнер? Мислам дека е многу загрижувачки што отишол во Белорусија.

Она што не го знаеме, а ќе дознаеме во наредните часови и денови е колку негови борци отишле со него таму. Ако отиде во Белорусија држејќи ги борбените сили со себе, тогаш тој претставува сериозна закана за страната на Украина, која е блиску до Киев, а сето тоа започна таму на 24 февруари (2022 година). Иако се чини дека оваа работа е завршена, мислам дека „афтершоковите“ ќе одекнуваат уште некое време.

„Украина мора да ги набљудува своите крила и да биде подготвена за маневри за одбивање на напади кои можат да дојдат од правец на Белорусија“, рече Данат.