Украина во петокот објави дека ги презела телата на 1.200 украински војници убиени во војната со Русија, како дел од договорот за размена на затвореници и мртви.
„Според руската страна, телата им припаѓаат на украински граѓани, вклучувајќи и припадници на армијата“, соопшти координативниот комитет за размена на затвореници на Телеграм, додавајќи дека експертите ќе спроведат тестови за идентификација, пренесува Ројтерс.
Порано оваа недела, Украина побара телата на 1.212 војници убиени во војната, која започна со руската инвазија во февруари 2022 година.
Киев и Москва се согласија дека секоја страна ќе предаде до 6.000 тела и ќе размени болни и тешко ранети воени заробеници, како и лица под 25 години.