Украинскиот лидер Володимир Зеленски потпиша безбедносен договор со јапонскиот премиер Фумио Кишида за време на самитот на Г7 во Италија.
Зеленски наведува дека Јапонија ќе и даде на Украина 4,5 милијарди американски долари во 2024 година.
„Тие ќе продолжат да не поддржуваат во текот на десетгодишниот рок на договорот. Тоа вклучува помош во областа на безбедноста и одбраната, хуманитарна помош, техничка и финансиска соработка, како и заеднички напори за постигнување мир“, рече Зеленски.
Тој додаде дека договорот предвидува санкции против државата агресор и напори да се бара одговорност од агресорот, како и соработка меѓу Јапонија и Украина за обнова на земјата.
„За Јапонија, овој тип на договор и ова ниво на поддршка е чекор напред. Ние го гледаме тоа и ѝ благодариме на Јапонија за нејзината непоколеблива солидарност со нашата земја и народ, како и за нејзината посветеност на заштитата на животот и меѓународното право. резимираше Зеленски.
Украина, исто така, потпиша безбедносен договор со Соединетите Американски Држави.
Сепак, САД признаваат дека секој иден претседател на САД би можел потенцијално да се откаже од безбедносниот договор со Украина бидејќи не бара ратификација од Конгресот.