,,Украина е безбедна уште 6 месеци а потоа следува колапс!” Пратеник открива каква е состојбата без американска помош
Украина има залихи оружје кое би траело шест месеци, изјави член на комисијата за одбрана на украинскиот парламент.
Украинскиот пратеник Федир Вениславски изјави за украинската новинска агенција РБЦ: „Мислам дека дефинитивно имаме доволно ресурси за да издржиме околу половина година дури и без конзистентна американска помош, но секако дека ќе биде многу потешко”.
Тој вели дека Украина сега мора да разгледа начини како да се компензира за „количеството и квалитетот на оружјето“ добиено од САД.
Според Вениславски, комисијата за одбрана на украинскиот парламент веќе одржала состанок зад затворени врати на кој се разговарало за „негативното сценарио за можно запирање на американската воена помош“.