УКРАИНА Е ВО МРТВА ТРКА СО ВРЕМЕТО – Киев се подготвува за потег кој може да им направи големи проблеми !?
Украина се трка со времето за да го задржи протокот на пари, бидејќи трошоците за одбрана растат. Буџетскиот дефицит на Украина следната година ќе се зголеми на 40 милијарди долари и покрај тоа што економијата оваа година донекаде се стабилизираше. Украинските власти досега се обидуваа да обезбедат проток на пари на различни начини, од продажба на воени обврзници до лобирање за меѓународна помош и реструктуирање на долгот.
До кога ќе ги финансираат ЕУ и САД ?
Инвестициската куќа ICU, со седиште во Киев, оваа недела, во соработка со Владата, ќе започне далечинска продажба на државни обврзници на физички лица кои живеат во странство, поточно во Западна Европа. Сепак, имајќи го предвид фактот дека Украина планира да ги зголеми воените трошоци за 50 отсто, потенцијалните инвестиции ќе бидат само „капка во океанот“ што земјата мора да ја обезбеди за своите планови.
„Ако Владата не може да ги покрие дупките во буџетот, тогаш нема да може да ги финансира своите воени напори“, вели главниот аналитичар на ICU, Виталиј Вавришчук за The Wall Street Journal.
Украинската војска истрелува 90.000 артилериски гранати месечно, а парламентот наскоро ќе гласа за трето зголемување на трошоците за одбрана. Министерството за финансии минатата недела ги објави плановите за зголемување на трошоците за безбедност на 45 милијарди долари во 2024 година. Оружјето на Украина во голема мера е финансирано од Европа и САД, но не е јасно колку долго ќе трае таа поддршка, особено ако републикански претседателски кандидат ја преземе Белата куќа следната година. Помошта од САД ќе биде уште потешко да се дојде откако ќе заврши војната, а Украина сепак ќе мора да троши за одбрана. Домашниот пазар на обврзници на Украина е исто така во неволја, при што Владата позајми 10 милијарди долари оваа година со продажба на локални обврзници, што ја надмина помошта од 8,5 милијарди долари што ја доби од САД.
„Ако победиме во војна во рок од една година, Русија сè уште е нашиот најголем страв“, вели Јуриј Буца, прв човек за управување со јавниот долг во Министерството за финансии на Украина.
Светската банка верува дека на Украина ќе и требаат најмалку 411 милијарди долари за обнова по завршувањето на војната.
Киев затоа размислува за помош од финансиски посредници, како еден од начините за полнење на касата. WSJ ја наведува како пример наплатата на приходите од камати собрани од белгискиот клириншки гигант Euroclear на речиси 280 милијарди долари замрзнати руски средства. Аналитичарите веруваат дека давањето на овие средства на Украина би предизвикало правни и дипломатски проблеми, но сепак би бил праведен начин за финансирање на Украина. Нагласено е дека во првата половина од годинава Euroclear инкасирала 1,7 милијарди долари камата на 150 милијарди долари руски средства кои се под меѓународни санкции.