Украина: Како резултат на руската агресија загинаа 499 деца

Канцеларијата на главниот обвинител на Украина соопшти дека како резултат на руската вооружена агресија во земјата загинале 499 деца.

Во соопштението на Канцеларијата на главниот обвинител се наведува дека од сеопфатната војна што ја започна Русија настрадале голем број деца во Украина.

„Според официјалните податоци, загинаа 499, а повредени се над 1.090 деца“, се истакнува во соопштението, во кое се додава дека овие бројки не се конечни.

Во ова соопштение се нагласува дека од војната во Доњецк настрадале 483 деца, во Харков 129 деца, во Херсон 117 деца, во Запорожје 97 деца, во Миколајив 95 деца, во Днипропетровск 94 деца, во Чернигов 71 дете и во Луганск 67 деца.