“УКРАИНА НЕМА ДА ПОБЕДИ БЕЗ ДИРЕКТНО УЧЕСТВО НА НАТО!“ – Виктор Орбан повторно предупредува: “Немаат шанса кутрите Украинци…“

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денес предупреди дека Украина нема да може да ја победи Русија без директно учество на трупите на НАТО на нејзина страна, објавија странските медиуми.

Имајќи предвид дека НАТО не е подготвен да испрати војници, очигледно е дека нема шанси да победат кутрите Украинци. Ова е мојот став, секогаш им сугерирав на сите, наместо уште повеќе да се вклучиме во војната, мора да ја запреме ескалацијата и да разговараме за мировни преговори“, порачал Виктор Орбан, говорејќи на економски форум во Катар.

Виктор Орбан претходно изјави дека европските земји „како месечари на покривот“ постојано се на работ на војна со Русија.

Всушност, „индиректна“ војна, како што кажа тој, веќе е во тек, бидејќи Западот го снабдува Киев со сè поубиствено оружје и може дури да оди дотаму што ќе испрати „мировни трупи“.