Украина од август извезла четири милиони тони жито преку алтернативниот коридор

Украинскиот извоз на жито преку алтернативниот црноморски коридор достигна речиси четири милиони метрички тони од август, кога започна со работа оваа рута, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Украина лансираше „хуманитарен коридор“ за бродовите што пловат за африканските и азиските пазари за да се обиде да ја заобиколи блокадата на Црното Море откако Русија се повлече од договорот што гарантираше извоз на жито од Киев по морски пат за време на војната.

Украинските власти соопштија дека рутата, која минува долж југозападниот брег на Црното Море на Украина, во романските територијални води и понатаму кон Турција, ќе се користи и за пратки со жито.

„Коридорот за жито работи. Сега ја надминуваме границата од четири милиони тони и одржуваме позитивна динамика“, изјави Зеленски на „Телеграм“.