Украина првпат ја нападна Северна Осетија: Беспилотни летала поминаа 1.000 километри, Русите зовриваат од бес (фото/видео)

Украина денес се обиде со беспилотни летала да го нападне воениот аеродром Моздок во Северна Осетија!

Беспилотни летала на вооружените сили на Украина за првпат полетаа кон Северна Осетија, која е на околу 1.000 километри од границата, според неофицијални изјави на воени блогери. 

Целта наводно била воздухопловната база Моздок, каде што се наоѓаат стратешките бомбардери Ту-22М3 и Ту-95, кои оттаму полетуваат за да испукаат проектили кон Украина.

Шефот на Северна Осетија, Сергеј Менајло, тврди дека руските системи за противвоздушна одбрана собориле три беспилотни летала на Вооружените сили на Украина.

– Беспилотните летала пристигнаа од украинска страна и цел им беше воениот аеродром – вели Менајло.

На видеото се гледа летот на украинскиот дрон една минута пред падот и делови расфрлани на земјата.

Воените блогери наведуваат дека Украина за нападот го користела дронот Mugin-5 Pro, долг три и пол метри и распон на крилата од 5 метри. Дронот Mugin-5 Pro забрзува до 150 km/h и може да лета од точката на лансирање до местото на пристигнување седум часа.

– Нападнат е дел од нашата стратешка тријада. Први тргнаа дроновите. Следни се ракетите на НАТО! Нашето трпение истекува. Сè повеќе нè влечат за мустаќи – смета рускиот воен блогер Александар Сладков.