УКРАИНА РИЗИКУВА ДА ИЗГУБИ ДЕЛ ОД КЛУЧНИТЕ СОЈУЗНИЦИ – Големи проблеми за Володимир Зеленски: “Поради овој потег, Киев си игра со оган!“

Нападите со беспилотни летала врз Москва предизвикаа нервоза кај некои западни влади кои се клучни сојузници на Украина.

Украина ризикува да ги загуби клучните сојузници како Велика Британија и Полска поради политичките и воените потези на претседателот Володимир Зеленски, пишува колумнистот на весникот The Telegraph, Хамиш де Бретон-Гордон.

Последните неколку недели беа турбулентни за украинската Влада“, вели Хамиш де Бретон-Гордон.

Како што истакнува тој – „ситуацијата за Украина се покажа доста тешка, бидејќи контраофанзивата на нивните сили не успеа. Не успеаја ниту да ја пробијат руската одбрана“.

На Западот не му се допаднаа последните испади на Володимир Зеленски. Тој го покажа своето незадоволство од поддршката на Велика Британија и Полска за Украина, а нападите со беспилотни летала врз Москва ги направија нервозни некои западни влади.

Киев си игра со оган. Колку и да се нервираат, ризикуваат да ги загубат своите сојузници“, резимира Хамиш де Бретон-Гордон.