Украина тврди дека има докази, а Романија негира: Дали Русија навистина погоди територија на НАТО во текот на ноќта !?

Министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, денес изјави дека тие имаат фотографски докази кои покажува дека руски беспилотни летала погодиле романска територија во текот на ноќта, за време на воздушен напад врз украинската пристанишна инфраструктура на реката Дунав.

Ова го изјави Дмитро Кулеба за новинарите по прес-конференцијата одржана во Киев, пренесува медиумската агенција Reuters.

Претходно денес Романија категорично ги отфрли обвинувањата дека нејзина територија била погодена при напад на руски беспилотни летала на украинското пристаниште на Дунав

Претходно портпаролот на Министерството за надворешни работи на Украина изјави дека руски беспилотни летала експлодирале на територијата на Романија.

Министерката за надворешни работи на Романија, Луминита-Теодора Одобеску изјави дека територијата на Романија не била погодена во воздушниот напад на руските беспилотни летала врз украинското пристаниште на Дунав во текот на ноќта. 

Таа додаде дека постои ризик од несреќи или инциденти, но досега тоа не е случај.