Украина тврди дека погодила уште два руски брода

– Украина тврди дека успешно погодила два руски брода, два дена откако објави дека оштетила два десантни брода на полуостровот Крим, кој Москва илегално го анектираше во 2014 година.

„Според ажурираните информации, на 24 март, покрај големите амфибиски бродови ‘Јамал’ и ‘Азов’, одбранбените сили на Украина успешно ги погодија и разузнавачкиот брод ‘Иван Курс’ и големиот амфибиски брод ‘Константин Олшански’“, според изјавата на украинската морнарица објавена денес на Телеграм.

Дмитро Плетенчук, портпарол на морнарицата, изјави дека десантниот брод „Константин Олшански“, за кој рече дека бил ставен под руска контрола во 2014 година, бил погоден со ракета Нептун.

Тој го потврди и нападот на Украина врз извидувачкиот брод „Иван Курс“.​​​​​​​

Украинскиот Генералштаб во неделата објави дека ги погодил десантните бродови „Џамал“ и „Азов“ во пристанишниот град Севастопол, покрај центарот за комуникации и неколку руски инфраструктурни објекти.