Украина: Четворица загинати во руски напад на Лавов

– Најмалку четири лица загинаа, а девет се повредени откако руска ракета погоди стан во украинскиот град Лавов, изјави министерот за внатрешни работи на Украина, Игор Клименко, јавува Анадолу.

Клименко преку социјалните мрежи соопшти дека руската армија синоќа извршила напад врз украински цивили.

Според неговите зборови, руски проектил погодил стан во градот Лавов, а како последица на тоа, освен погодениот, оштетени се уште неколку стана.

„Четири лица загинаа, а девет се ранети. Исто така, седум лица се спасени, додека 64 се евакуирани“, рече Клименко и додаде дека потрагата по дел од граѓаните продолжува.

Во соопштението на Генералштабот на Украина се наведува дека Русија во последните 24 часа нападнала украинска територија со пет беспилотни летала и дека сите беспилотни летала биле уништени од одбранбените системи.

Вчера руската армија изврши 59 воздушни напади врз позиции и населби на украински војници, а истрела 65 проектили од повеќецевни ракетни системи.