УКРАИНА ЈА НАПАДНА РУСИЈА СО ‘ЗАБРАНЕТОТО ОРУЖЈЕ’ – Гувернерот на руската област Белгород потврди: “Погодени се неколку места со касетна муниција!“

Вјачеслав Гладков, гувернерот на руската област Белгород, објави дека во последните 24 часа, украинските сили целеле 12 населени места во оваа област, која се наоѓа на 40 километри северно од границата со Украина.

Весникот The Guardian пренесува дека рускиот сервис на BBC објавил дека Вјачеслав Гладков ова го напишал на својот профил на социјалната мрежа Телеграм.

Во регионот на Белгород, 21 артилериска граната и три ракети исполнети со касетна муниција истрелани од повеќецевни фрлач го гаѓаа селото Журављевка. И тоа село беше нападнато со помош на камикази-дрон, евидентирани се вкупно десет пукања“, објавил Вјачеслав Гладков.

Тој додал дека со артилерија било нападнато и руското село Шчетиновка.

Непријателот таму фрли и експлозив од дрон. Во ниту една од населените места во околината нема жртви или разурнувања“, заклучил Вјачеслав Гладков.

Весникот Washington Post минатата недела објави дека војската на Украина започнала да користи проектили наполнети со касетна муниција кон руските сили во југоисточна Украина за да ги наруши нивните вкоренети позиции кои ја забавуваат летната офанзива.

Претходно, Олександар Тарнавски, украински бригаден генерал, потврди за CNN дека Киев ja добил контроверзна касетна муниција од САД.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, зборувајќи во неделата за касетна муниција, се закани со истиот одмазднички напад доколку тие се користат против Русите.