Украинецот го нокаутира Британецот и стана светски шампипн! Поразениот боксер бесен по борбата: Ме измамија! (ВИДЕО)

Украинскиот боксер Олександр Усик ја одбрани титулата светски првак во тешка категорија.

Усик го нокаутира британскиот боксер Даниел Дубоу во борба што се одржа на стадионот во Вроцлав (Полска).

Борбата беше прекината во деветтата рунда, а 11 години помладиот боксер и неговиот тим по поразот се пожалија на тоа што се случи во петтата рунда.

Тогаш судиите оценија дека Дубоа го удрил Усик под појасот откако Украинецот завршил во нокдаун. Како резултат на тоа, Усик доби време да се опорави, а подоцна успеа да ја преземе контролата и да победи.

– Беше измамен. Судијата многу згреши. Тоа не беше низок удар, тоа е глупост, целосна глупост. Административните власти ќе мора да направат нешто и да наредат реванш – изјави по мечот промоторот на Дубоен, додека самиот боксер им кажа на новинарите дека е оштетен.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во видео порака им се обрати на присутните на стадионот, пред почетокот на борбата.