Украинската армија соопшти дека се повлекла од уште две села во близина на источниот град Авдеевка, кој беше заземен од руските сили претходно овој месец.
Висок украински командант изјави дека украинските војници ги зајакнале новите одбранбени позиции западно од Авдеевка, чие заземање е најголемата победа на Русија на бојното поле во последните девет месеци, пренесе БТА.
Портпаролот на украинската војска Дмитро Лихови изјави дека украинските сили се повлекле од селата Северне и Степове откако еден ден претходно го напуштија и селото Ласточкине.
– Нашите сили се повлекоа од малите села Северне и Степове. Тешките борби за Северне продолжија вчера вечерта и во текот на ноќта, рече Лихови, додавајќи дека Русија претрпе значителни загуби во борбите. Според него, армијата се повлекува на позиции кои се на ниво на останатиот дел од линијата на источниот фронт и се попогодни за одбрана.
Пред инвазијата, во Северне и Степи живееле вкупно помалку од 100 луѓе.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека го зазело Северне две години и три дена по почетокот на „специјалната воена операција“.
Изјавите на двете страни во врска со ситуацијата на фронтот не можат независно да бидат проверени