– Енергетската мрежа на Украина ги задоволува енергетските потреби на потрошувачите по извршените поправки по последниот бран руски напади врз критичната инфраструктура, соопшти украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко.
Тој рече дека итните поправки биле брзо завршени по руските напади во петокот што ги погодија енергетските капацитети низ целата земја.
– Денес, првиот работен ден во неделата, и покрај значителното зголемување на потрошувачката, украинскиот електроенергетски систем продолжува да ги задоволува потребите на потрошувачите за електрична енергија, се вели во соопштението на Галушченко.
Националната електроенергетска мрежа Укренерго објави дека во неколку термоелектрани по поправките биле ставени во функција дополнителни енергетски блокови.