Украинска армија: Русија изврши голем напад со дронови врз Украина, погодени инфраструктурни објекти

Русија во текот на ноќта изврши голем напад со беспилотни летала врз Украина, погодувајќи инфраструктурни објекти на југот и северот на земјата, соопшти денеска украинската армија.

Украинската воздушна одбрана собори 29 од 38 беспилотни летала Шахед од иранско производство, лансирани од територијата на Русија, соопшти Военото воздухопловство.

Воздухопловните сили во соопштението наведуваат дека нападот врз многу украински региони траел од 20 часот во петокот до 4 часот наутро во саботата по локално време.

Јужната воена команда соопшти дека е погоден објект на енергетска инфраструктура во регионот на Одеса.

„Оштетена е и административната зграда, а во нападот е ранет и еден цивил“, се наведува во соопштението објавено на Телеграм.

Во северниот украински регион Чернихив, на границата со Русија и Белорусија, во текот на ноќниот напад се оштетени две инфраструктурни згради, соопшти армијата.

„Мета на беспилотните летала беше и Киев“, изјавија официјални лица, додавајќи дека сите дронови што се движеле кон главниот град биле соборени