Украинскиот Генерал призна: Тенковите од Запад не донесоа предност, контраофанзивата не оди според планот

Генералот задолжен за офанзивата на Украина на југот вели дека Русија создала повеќеслојни мински полиња и зајакнати одбранбени линии кои го попречиле напредувањето на воената опрема, вклучувајќи тенкови и оклопни возила испорачани од Западот.

– Затоа повеќето од задачите мора да ги извршуваат војниците – вели генералот Олександр Тарнавски за Би-Би-Си.

Тој вели дека руската војска покажала „професионални квалитети“ со тоа што ги спречила украинските сили „брзо да напредуваат“.

Не го потценувам непријателот – додава тој.

Досега има малку докази дека тенковите и оклопните возила од Запад успеале да го свртат билансот во корист на Украина. Неколку тенкови Леопард и американските борбени возила Бредли беа оштетени или уништени во првите денови од офанзивата, во близина на градот Орехов.

Украинската 47-ма бригада, главно обучена и опремена од Западот за да се обиде да ги пробие руските линии, набрзо беше запрена со мини, а потоа и артилериски оган.

Русија објави повеќе видеа од инцидентот тврдејќи дека украинската офанзива веќе пропаднала. Реално контраофанзивата беше забавена, но не и’ беше зададен „решавачки удар“.