Украинската премиерка Јулија Свириденко објави видео на кое се гледа штетата на зградата на Владата на Украина, која беше нападната од руската армија на 7 септември.
Свириденко рече дека никој не е повреден и дека пожарот предизвикан од нападот е изгаснат.
Таа додаде дека штетата нема да го наруши функционирањето на владата.
„Го повикувам светот да го претвори гневот поради руските злосторства во конкретна поддршка за Украина. Не за ѕидовите на оваа зграда, туку за да ги заштитиме нашите луѓе и заедници низ целата земја“, рече таа.
Тој додава дека на Украина ѝ е потребна посилна воздушна одбрана, повеќе системи и повеќе муниција, со цел да ги заштити градовите и енергетскиот систем.
„Ни требаат санкции што ќе го лишат агресорот од приходи од нафта и гас, токму оние ресурси што го финансираат неговиот терор“, заклучи таа.