– Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во работна посета на Саудиска Арабиј, каде ќе има средба со престолонаследникот Мохамед бин Салман.
Главна тема на разговорите ќе биде мировната формула на Киев за ставање крај на руската инвазија и враќањето на воените заробеници и депортираните, се вели во најавата на Зеленски, објавена на неговиот канал на „Телеграм“.
Украина одржа неколку мултилатерални состаноци со претставници на десетици земји. Киев се надева дека на пролет ќе одржи мировен самит во Швајцарија со учество на лидерите на овие земји.
„Сега сме многу блиску до одржување на првиот самит за мир и сметаме на постојана активна поддршка од Саудиска Арабија“, додаде украинскиот претседател.
Саудиска Арабија претходно дејствуваше како посредник за размена на затвореници меѓу Украина и Русија. Зеленски истакна дека е сигурен дека неговата денешна средба ќе „донесе резултати“ во овој поглед.