УКРАИНСКИТЕ ВОЈНИЦИ ЗА УЖАСИТЕ ВО БАХМУТ: Имаме кошмари од руските тенкови, секој метар од градот е под оган!

Како што велат, ударите не престануваат ниту една минута.

Враќајќи се од Бахмут, украинските војници за „Њујорк тајмс“ раскажаа за ужасот на руските тенкови и постојаното артилериско гранатирање.

 Имаме кошмари за руските тенкови. Артилерискиот оган, ракетните и воздушните напади не престануваат ниту една минута. Секој метар од градот е под оган – го цитираат новинарите командантот на украинската 24-та моторизирана бригада.

Според војниците на вооружените сили на Украина, многу им се потребни противтенковски ракетни системи Javelin  во градот за да ја одбијат руската армија.