Украински бегалец освоил 500.000 евра од грепка во Белгија

 Бегалец од Украина освоил премија од 500.000 евра на лотарија во Белгија. Добитникот чиј идентитет, според правилата на лотаријата, ќе остане непознат, е маж на возраст меѓу 18 и 24 години и последниве 12 месеци живее во Брисел.

Тој минатиот месец купил грепка за пет евра на бензинска пумпа. Тоа значи дека добивката е сто илјади пати поголема од „влогот“.

Во Белгија не се плаќа данок на добивка на лотарија.