Украински дрон погоди складиште за нафта во руската област Курск, нема жртви

 Украински дрон нападна складиште за нафта во руската област Курск и предизвика пожар во објектот, изјави денеска локалниот гувернер Роман Старовоит на Телеграм.

„По нападот на депото нема повредени“, изјави гувернерот Старовоит.

Во текот на изминатиот месец, руската енергетска инфраструктура беше погодена од напади со беспилотни летала и пожари. Како што пренесуваат странските агенции, ова ја зголемува неизвесноста на глобалните пазари на нафта и гас, кои веќе се потресени од конфликтот на Блискиот Исток.

И Русија и Украина меѓусебно ја напаѓаат енергетска инфраструктура, нанесувајќи удари со цел да ги прекинат снабдувачките и логистичките линии.